Во периодот од 13.10.2022 до 20.10.2022 се реализираше циклус на предавања кои опфаќаа различни теоретски и практични аспекти кои се однесуваат на ЕУ здравството, здравствената заштита и здравствените услуги; придобивки и предизвици од е-здравствени услуги; граѓанско-правната одговорност на здравствените работници (медицинска грешка); инженерски и медицински практики во е-здравството и етички аспекти на е-здравството.
Диферентноста на семинарот предизвика интерес кај повеќе од 100 студенти на универзитетот и други заинтересирани слушатели кои со својата интеракција придонесоа да се збогати содржината на програмата, да се подобрат досегашните искуствата и да се зголеми свесноста за влијанието и употребата на информатичката и комуникациска технологија во здравството преку почитување на етичките стандарди и правото.
Предавачи на курсот беа:
- проф. д- Дејан Маролов, доцент. д-р Елена Максимова, проф. д-р Андон Мајxошев, проф. д-р Билјана Тодорова, проф. д-р Марија Амповска, проф. д-р Кристина Мишева од Правниот факултет;
- проф. д-р Наташа Коцеска и проф. д-р Сашо Коцески од Факултетот за информатика;
- проф. д-р Емилија Јаневиќ- Ивановска и доцент д-р Јулија Заркова Атанасова од Факултетот за медицински науки; и
- проф. д-р Трајче Стојанов од Факултет за образовни науки.
Галерија: