На 17.12.2020, се одржа промотивниот настан во рамките на Жан Моне Проектот: ЕУ Е-здравствено право и Северна Македонија: Од тековна практика до имплементација.

Subcategories

На 17.12.2020, се одржа промотивниот настан во рамките на Жан Моне Проектот: ЕУ Е-здравствено право и Северна Македонија: Од тековна практика до имплементација.

Настанот имаше мултидисциплинарен теоретски и практичен пристап од област на е-здравственото право, медицината, информациска и комуникациска технологија во здравството, био-медицински инженеринг и сајбер безбедноста во здравството. На настанот учествуваа студенти на правните науки, медицинските науки и електро-техничките науки на прв и втор циклус на студии на Универзитетот Гоце Делчев, како и учесници од граѓанскиот, здравствениот и бизнис секторот.

Предавачи на настанот беа: проф. д-р Кристина Мишева и проф. д-р Марија Амповска од Правниот факултет- УГД; Проф. Д-р Горан Т. Џорџевиќ и Проф. Д-р Дејан Н. Милиќ од Факултетот за електротехнички науки при Универзитетот во Ниш, Србија; Д-р Тодор Михајлоски од САД, инженер во област на биомедицина, проф. Д-р Игор Вулетиќ од Правниот Факултет во Осијек, Хрватска; Директорот на клиничката болница во Штип д-р Ален Георгиев и Владе Рибарев администратор за „Мој Термин“.