На 25.06.2021 во простириите на Правниот факултет се реализираше јавна одбрана на дипломската работа под наслов Човековите права во време на пандемија: биоетички и биополитички импликации од кандидатката Љупка Трајкова.
Љупка Трајкова е дипломиран доктор по медицина со 2 годишно практичко искуство во областа, која истовремено студираше на Правниот факултет на модулот Европско право и меѓународни односи и со звање дипломиран политиколог на Правниот факултет -УГД. Кандидатката преку филозофско-правна анализа на целата општествена состојба и биоетичките и биополитичките импликации од истата, дава посебен осврт на заштита на здравјето во време на пандемијата предизвикана од SARS-CoV-2 вирусот и предностите и негативните страни од е-здравствените услуги, и влијанието на глабалните здравствени политики на национално ниво.
Со Одлука на Правниот факултет за членови на Комисијата за одбрана се избрани:
Проф. Трајче Стојанов ( професор на Факулетот за образвони науки -при УГД и член на проектниот тим на ЕУЕХЛ), воедно и ментор;
Проф. Страшко Стојановски ( професор на Правниот факултет) и
Вон.проф. Кристина Мишева ( проф. на Правниот факултет и академски координатор на ЕУЕХЛ).