(31.03.2023), проф. Кристина Мишева одржа онлајн предавање „Правни и финансиски аспекти во македонското еЗдравство“ во рамките на Жан Моне Модулот „Европско Монетарно Право- МОНЕЛА“, на Правниот факултет во Ниш, Србија.
Предавањето се реализираше пред студентите и слушателите на модулот, а по покана на Жан Моне координаторот проф. Марко Димитријевиќ од Правниот факултет во Ниш. Дополнително, на предавањето беа претставени дел од проектните активности и резултати од успешно завршениот Жан Моне проект ЕУЕХЛ, чиј проектен координатор беше проф. Кристина Мишева од Правниот факултет во Штип
За повеќе посетете ја веб страницата: http://monela.ni.ac.rs/en/