Владе Рибарев e роден 1967 година во Штип, Р.С. Македонија.  Основно образование и средно медицинско училиште завршува во Штип во 1985 година.

Во 1996 година започнува со работа во ЈЗУ Клиничка Болница Штип, на работно место медицински техничар на Оддението за ортопедија и трауматологија, каде работи во период од 10 години се до 2006 година.

Од 2006 година до 2010 година продолжува со работа во Централно превијалиште во ЈЗУ Клиничка Болница Штип.

Во 2011 година со формирање на електронското здравство, станува дел од тимот „Мој тремин“ во Клиничка Болница Штип, како администратор на „Мој тремин“ на која работна позиција работи до ден денес .

Од 1997 година активно членува во Унијата на медицински сестри и техничари„ЗА НАС“. А од  2019 година  е председател на Здружението на медицински сестри и техничари во Штип. Член е на  Синдикатот на здравство и фармација и од 2016 година е претседател на Надзорниот одбор на Синдикалната организација во ЈЗУ Клиничка Болница Штип.