Д-р Ален Георгијев е роден во 1974 година во Штип. Основно образование завршено во Тетово, средно училиште, Гимназија во Штип. Дипломиран на Медицински Факултет Скопје во 2000 година. Специјализација по општа хирургија завршена во 2010 година.
Во моментот запишан на трет циклус студии,докторанд на УГД Штип, базични клинички истражувања во медицината, како и супспецијализант на торакална хирургија на Медицински Факултет Скопје.
Од 2001 до 2004, вработен во П.З.У. Прим. Д-р Самарџиски Штип, од 2004 до 2006 вработен во Итна Медицинска Помош во Медицински Центар Штип.
Од 2006 до 2010 на специјализација по општа хирургија.
Член на Лекарска Комора на Р.С. Македонија, на Македонско Лекарско Друштво, на Здружение на Хирурзи на Македонија.
Од 2014 до 2016 пратеник во Собранието на Република Македонија.
Од Јули 2017 в.д. Директор на Ј.З.У. Клиничка Болница Штип, од Октомври 2019 Медицински Директор на Ј.З.У. Клиничка Болница Штип.